Музика и танц - категорија

евергрин повеќе

мн. евергрини
Вид збор: Именка, машки род
Трајни мелодии што не губат од својата актуелност, вечно млади и слушани со задоволство.
Англиски: evergreen
Примери:
Тоа се песни што не се забораваат, вистински евергрини.

едногласен повеќе

едногласниот
Вид збор: Придавка
Со учество на само еден глас.
Англиски: unison
Примери:
едногласно пеење

едногласно повеќе

Вид збор: Прилог
со еден глас
Англиски: unison
Примери:
Пеат едногласно.

еднострун повеќе

едноструниот
Вид збор: Придавка
За музички инструмент со една струна, со една жица.

езгија повеќе

мн. езгии
Вид збор: Именка, женски род
Импровизирана мелодија при свирење според моменталното расположение.
Турски: ezgi Албански: melodi
Вид народна песна од Галичник со која се канат на свадба починатите родители и роднини.
Албански: këngë Galiçniku

елегија повеќе

мн. елегии
Вид збор: Именка, женски род
Музичка творба со тажен лирски карактер.
Англиски: elegy Албански: elegji

етида повеќе

мн. етиди
Вид збор: Именка, женски род
Инструментална композиција за вежбање со која се совладува техниката на свирењето или концертна композиција со виртуозен карактер.
Англиски: etude Француски: étude
Примери:
лирска етида

еуфонија повеќе

(едн.) еуфонијата
Вид збор: Именка, женски род
Милозвучност, хармонија на звуците.
Англиски: euphony

еуфоничен повеќе

Види и: еуфонија (ж.)
еуфонични
Вид збор: Придавка
Што звучи складно, убаво.
Англиски: euphonic
Примери:
Одличната интонативна компактност на ансамблот и прецизната рафинирана техника резултираше со еуфонична звучна претстава.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш